Ќе се реконструира локаланиот пат низ село Велебрдо
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и претставник од градежното претпријатие „Илинден“ АД Струга потпишаа договор за реконструкција, асфалтирање и уредување на локалниот пат кој поминува низ селото Велебрдо, едно од најголемите села во подрачјето на Река.
Проектот е вреден 1.426.428 денари, а работите на 1.500 метри долгиот пат ќе започнат со подобрување на временските услови.
-Ова е локален пат што поврзува и друго населено место, па така освен за жителите на Велебрдо, ќе се овозможат подобри услови за движење и за жителите на село Требиште кои го користат овој пат за пристап до нивното населено место. Патот во моментов е во многу лоша состојба пред се поради низа зафати кои во минатото се направени врз водоводната и канализациската мрежа, велат од општината.
Паралелно со овој зафат, на истата делница ќе биде иградена и атмосферска канализација, проект вреден од 824.959 денари. Работите ќе ги изведува ДИТ „Имако“ ДООЕЛ Гостивар,за што веќе е потпишан договор.
Двете фирми се избрани на тендер како најповолни понудувачи. Средствата за двата проекта се обезбедени од буџетот на општината.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар