Ќе се поедноставува системот на извозни, увозни и транзитни дозволи

Во Царинската управа на Република Македонија се одржува работен состанок со поддршка на Проектот за регионален економски развој финансиран од USAID од кој се очекува да произлезат корисни совети и препораки за идните активности на поедноставување на постапките и унапредување на системот за извозни, увозни и транзитни дозволи во земјата, преку измена на прописите, како и олеснување на процедурите.
На состанокот, како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, учествуваат претставници на членките на Советодавното тело и претставници на инволвираните надлежни институции, се разменуваат информации за сегашниот статус на постапките спроведувани на граница, примената на нетарифни мерки, функционалностите на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи чија имплементација е во фаза на финализирање, формалностите околу издавање на дозволи за царинската постапка, применуваните предметни законски одредби, тековните и претстојни активности за реформирање на системот на лиценци и гранични инспекции.
- Моменталната состојба на постапките кои се спроведуваат на граничните премини при издавање и контрола на сите дозволи за увоз, извоз и транзит на стока, исто така е тема на повеќедневен работен состанок организиран по повод посетата на експертската мисија во врска со постапувањето и контролата на царинските стоки на граничните премини, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
-

Опожарена шума, нерешени имотни односи и обвинувања за привилегии
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората
-

Тема на денот со Изет Меџити, копретседател на ВРЕДИ
