-->
-->
Ќе се печати алманах за литературните творби на младите автори од Делчево
-->

Литературните творби од годинешниот конкурс „Книгата тивкиот пријател“ кој е во организација на Јавната градска библиотека (ЈГБ) „Илинеден“ во Делчево, ќе се најдат во алманах зад кој ќе застане издавачката куќа „Орион“од Делчево.
Со ова првпат творбите поезија и проза од младите автори од Делчево ќе добијат свое печатено издание.
Според афористичарот Миле Ѓорѓијоски, печатеното издание треба да излезе до крајот на оваа година.
- Од она што го прочитав, јас сум презадоволен и навистина творбите заслужуваат да ја видат светлината на денот во едно печатено издание. Си давам рок до Нова година, па тогаш и да го промовираме ова печатено издание, рече Ѓорѓијоски.
Печатеното издание на литературните творби ќе биде поттик и добра промоција на младите автори, смета наставничката по македонски јазик Маријана Стоименовска. - Досега ние пишувавме и творевме, но ова е начин на кој многу лесно ова ехо од поетски зборови и стихови ќе биде одраз да се слушне гласот од ова мало градче, на едни мали творци кои ќе го рашират творечкото дело ширум Македонија и надвор од неа, рече Стоименовска.
Директорката на ЈГБ „Илинден“ Анита Петровска истакна дека годинашниот литературен конкурс традиционално го организира библиотеката по повод Месецот на книгата, октомври, а има за цел промоција и поттик на љубовта кон книгата. - На денешниот настан беа доделени награди за 10 литературни творби. Младите автори твореа поезија и проза на темата „Книгата мојот тивок пријател“ и јас сум презадоволна од големиот интерес младите да творат, но и од квалитетот на пристигнатите творби, нагласи Петровска.
На денешниот настан беа промовирани и новите издание во градската бибилиотека „Илинден“ од Делчево, а се одржа и предавање за литературното творештво од роднокрајниот автор Миле Ѓорѓијоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити