Ќе се отвораат нови 10 домови за стари лица

Десет нови приватни домови за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места. Огласот за аплицирање е отворен денеска.
Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес конференција информираше дека за отворањето на десетте домови за стари лица за кои се обезбедени средства во висина од 7,5 милиони денари.
Заинтересираните, домовите ќе можат да ги отворат во свои објекти кои можат да се пренаменат, да изградат нов на своја локација или пак, како што информира Спасов, на некоја од локациите или објектите кои можат да се откупат во општините.
- Сите заинтересирани и невработени, но и правни лица можат да аплицираат за оваа мерка. Приоритет ќе имаат невработените, но со оглед на тоа што првпат се започнува со реализација на оваа мерка даваме шанса на секој заинтересиран. Оваа мерка и натаму ќе влијае на зголемување на бројот на домови за стари лица во Македонија, а Владата ќе продолжи да работи на реализација на планот за изградба на државен дом за стари лица, рече Спасов.
Додаде дека со поволностите што досега ги дала Владата, како откуп на земјиште по почетна цена од 1 евро за метар квадратен, намалени такси за изградба на вакви објекти, поволните кредитни линии од Македонската банка за поддршка на развојот... досега биле отворени 17 приватни домови за стари лица.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека заинтересираните кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност ќе можат да аплицираат во центрите за вработување во земјава, а подетални информации да добијат и на веб страницата на АВРМ.
- По добивањето на сите апликации ние ќе направиме проверка на бизнис плановите и на крајот со Комисија која ќе биде формирана во АВРМ и составена од релевантни институции ќе се одлучи на кои барања ќе биде одговорено позитивно, рече Поповски.
Додаде дека доколку годинава има поголем интерес, за 2017 година ќе бидат издвоени повеќе средства. Огласот, појасни Поповски, првично ќе биде отворен 20 дена, но, како што рече, доколку не биде пополнет бројот или има повеќе апликации тие ќе бидат примани додека има апликации, по што ќе се направи пресек кои се најдобрите што ќе бидат финансирани.
Ново на Сител
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
-

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
-

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“
