-->
-->
Ќе се осмелите ли да го решите тестот – Колку долго ќе живеете?
-->
Овој тест ќе ви каже колку долго ќе живеете, но пред да започнете да го решавате, размислете дали навистина сакате да го знаете тој податок.
Пред да започнете, доколку сте маж, почетна возраст за вас е 86 години, а доколку сте жена за вас почетна возраст е 89 години.
Значи, почнувајте да го решавате тестот од 86 или 89 години.
- Дали сте смирена личност која добро го поднесува стресот? Доколку одговорот е да, на возраста додајте пет години. За негативен одговор, одземете пет.
- Дали некој од членовите на вашето семејство го доживеал својот 95 роденден? За потврден одговор додајте 10 години, а за негативен останете на истата возраст.
- Дали вежбате пет пати неделно по најмалку половина час? Ако одговорот е потврден додајте пет години, а ако е негативен одземете пет.
- Го вежбате ли мозокот? Решавате ли крстозбори и загатки? Ако одговорот е да, додајте пет години, а доколку е негативен останете на истата возраст.
- Дали со исхрана успевате да одржите идеална и здрава тежина? За потврден одговор не додавајте ништо на моменталната бројка, а за негативен одземете пет години.
- Дали сте пушач? За потврден одговор одземете 15 години, а за негативен останете на истата возраст.
Добиената бројка е возраста која ќе ја доживеете доколку продолжите да живеете како и досега.
Доколку бројката е ниска, размислете дали треба нешто да промените во својот живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа