Ќе се оградуваат парцелите предвидени за изградба на фотонапонски електроцентрали
Владата ја усвои Информацијата во врска со потребата за оградување на парцелите, предвидени за изградба на фотонапонски електроцентрали, согласно Јавниот оглас за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија.
-Владата го задолжи Министерството за економија да пренамени средства за изработка на основен проект за оградување на локациите на државно земјиште за кои е објавен јавен оглас, како и за изработка на геодетски елаборати и хидролошки студии за планираното државно земјиште за кое ќе се објави Јавен оглас за премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали, изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, во текот на наредната година, информира владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје

