Џет-Сет
9. September 2015 - 14:21

Ќе се мажи ќерката на Цеца

Малолетната ќерка на Цеца,на раката и се најде свршенички прстен!
 
Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ веќе подолго време ужива во врската со Костадин Терзиќ, а новата фотографија збуни многумина. Таа постави слика на која позира со прстен на домалиот прст на левата рака, а нејзините фанови се прашуваат дали таа се свршила.
 
Анастасија не се огласи по тој повод, ниту пак одговори на прашањата за свршувачката. Но, бидејќи е малолетна, сомнително е дали мама ќе даде дозвола за влегување во брачните води.