Ќе се гради нова градинка во Драчево
Министерството за труд и социјална политика објави оглас за избор на градежна компанија за изградба на нова детска градинка во скопската населба Драчево, соопшти денеска прес службата на Општина Кисела Вода.
Општината кон крајот на минатата година изработи основен проект за изградба на нова градинка во Драчево, по што аплицираше и доби грант од Министерството за зголемување на капацитетите на јавните детски градинки на нејзината територија.
– Имајќи го предвид фактот дека сегашниот капацитет на објектите за згрижување на најмладата популација во населба Драчево не ги задоволуваат барањата и потребите, односно листите за чекање за упис на деца се предолги, од суштинска важност се наметна потребата за изградба на нова детска градинка во најголемата населба во Општина Кисела Вода, се наведува во соопштението.
Согласно изработениот проект, новата градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, со поделена катност од подрум, приземје и еден кат. Во подрумот е предвидена просторија за горилник и остава за огревен материјал. На приземјето ќе се наоѓа главниот влез на градинката, како и четири занимални. На првиот кат се планира да бидат сместени јаслите, како и придружни простории. Вкупниот капацитет на градинката за згрижување ќе биде 125 деца, од кои 95 на возраст од две до шест години и 30 деца до двегодишна возраст.
– Објектот ќе ги задоволи сите параметри за енергетска ефикасност, а во функција ќе биде и млечна кујна, санитарни простории, како и соодветен паркинг простор. Општина Кисела Вода обезбеди правосилно одобрение за градење, а почетокот на изградбата на објектот се планира по завршување на тендерските процедури. Целокупниот проект е финансиран преку кредит од Светската Банка за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори

