Ќе се гради кружен тек во центарот на Гевгелија

Нов кружен тек, како едноставно и современо решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје на Гевгелија, ќе добие најфреквентната крстосница кај полициската станица на која сообраќајот се уште се регулира со семафори, соопшти денеска општинската служба за информирање.
- Со замената на постојните семафори очекуваме зголемување на сообраќајниот проток на оптоварената крстосница на која се слеваат возила од улиците во централното градско подрачје, претежно од „Слободан Митров Данко“, „Радован Ковачевиќ“ и сообраќајната артерија „7 Ноември“ нагласија од општината, појаснувајќи дека проектот е готов и оти неговата реализација ќе почне час поскоро.
Според општинскиот план за сообраќајно растоварување на прометните улици во Гевгелија, се изготвува проект за уредување на кружен тек на улицата „Моински пат“, а се спроведува и постапка за набавка на нови семафори кои ќе бидат поставени на крстосницата во близина на градските гробишта и една крстосница на булеварот во западниот дел на Гевгелија.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
