Бизнис
3. February 2020 - 20:20

Ќе се бришат долговите направени до крајот на 2017

Каматите за старите долгови на граѓаните ќе бидат отпишани. Законот го помина комисискиот филтер и најверојатно уште утре ќе се најде на пленарна.

Законот предвидува и репрограмирање на главниот долг кој ќе може да се плати најмногу на 36 реати во зависност од неговата големина.

Од 18 – те мандмани на опозицијата беа прифатени 2 со кои се предвидува да се брише и затезната камата за судските постапки и нотарските и ивршителските трошоци.

Не беше прифатен амандманот на ВМРО ДПМНЕ со кој се бараше Законот да важи само за примателите на социјална помош, а не за сите граѓани.

Законот се однесува на долгови направени до 31. 12. 2017 година. За Законот пак кој се однеусва на бришење на каматите за долговите на јавните претпријатија почна амандманската расправа.

За него, опозицијата има поднесено над 3.100 амандмани. Во Македонија денес има околу 40.000 фирми и двојно повеќе граѓани со блокирани сметки.