Бизнис
18. November 2023 - 17:20

Ќе остане ли земјава без работна сила? Од денеска полесно до работа во Германија

Ќе остане ли земјава без работници? Германија од денеска ги олеснува критериумите за дозвола за работа.

Итно им е потребен стручен кадар, илјадници работни места не можат да ги пополнат. Затоа, од сега влез во земјата ќе биде дозволен и без познавање на јазик и без проверка на приоритет за одредено работно место. До сега предност за одредена позиција им се даваше на германците и на европејците.

Дел од македоците, посебно стручниот кадар, веќе ја напуштија земјава, дел размислуваат да го сторат тоа. Дури 80% од занаетчиите заминаа во странство. Затоа тешко се наоѓа електричар или плочкар, без да се чека со недели. Државата мора да стори нешто за да ги задржи кадрите, велат од Занаетчиската комора. 

- Ако бараме занаетчија, чекаме со термин. 80% отидоа во други држави да работат. Мора да ги задржиме останатите, Владата мора да најде начин, преку субвенции или слично. Мора добро да ги платиме ако сакаме да останат, вели Агрон Фалији, претседател на Занаетчиска комора на северозападна Македонија. 

Кадар недостасува и во регионот. Хрватска има потреба од 150 илјади работници. Со влезот во Унијата голем број млади ја напуштиле државата и сега мора да ја увезуваат.

- Со влезот во Еврсопака Унија дури 230.000 млади заминаа од Хрватска. Тоа е неминовно и ги чека сите земји кои ќе влезат во Унијата, изјави Далибор Кратохобил, претседател на Хрватска Комора на занаетчии.

И Македонија кубури со кадар. Затоа Владата двојно ја зголеми квотата за издавање работни дозволи. Наместо 5,000 – кај нас можат да работат 10,000 странци.