Македонија
20. јуни 2023 - 16:32

Ќе останат ли сите вработени во државата без плата - Генерален штрајк во УЈП од 27ми јуни

Ќе останат ли вработените без плата, а државата без пари од даноци и придононеси?

Синдикатот на УЈП највува генерален штрајк за една недела – што би значело неисполнување на ниту една обврска. Сите плати во државата се исплаќаат преку Управата за јавни приходи, сите налози  на фирмите одат преку неа, како и собирањето пари од даноци, акцизи, придонеси.

Ако не се зголемат платите за 30%, Синдикатот со последно предупредување – ќе има блокада на целиот систем во државата.

Околу 27, два дена плус или после 27, тоа не е важно. Важно е дека ако стапиме во Генерален штрајк ќе има целосен застој во функционирањето, односно нема да се извршува ниту една функција. Се што е поврзано за права и обврски на секторот и физички лица, а треба да го спроведува УЈП, ќе биде оневозможено и ќе дојдеме до поголеми состојби на нарушување на поголеми состојби на општеството во целина. Сите кои ќе сакаат да се постапи по нивни барања и други обврски, нема да се извршуваат затоа што вработените нема да ги исполнат обврските ако дојдеме до генерален штрајк., изјави Васе Неданоски, претседател на Синдикат на УЈП

Од Министерство за финансии молк. Нема информација дали остануваат на стартиот став – нов колективен договор за цела администрација или ќе се најдат пари за покачување на платите во УЈП и царина.

Наместо да бараат повисоки плати, да се провери имотот на вработените, побара премиерот Ковачевски. На тој начин смета дека ќе се зголеми транспарентноста и општестевниот кредибилитет на институицијата.

Мислам дека ако тоа се примени во Царина, ќе се зголеми нивната транспарентност, ќе добијат на тежина и на општествен кредибилитет, бидејќи ако некој нема што да крие, нема ни потреба да не поддржи еден таков процес, изјави денеска Ковачевски,

Од опозицијата возвратија – прво да се провери имотот на политичарите, а не на ваков  начин премиерот да им се заканува на вработуваните.

Ковачевски замислете вели ќе чекал резултати од проверката на имотна состојба на вработените, бидејќи сметал дека платите треба да се услогласат со имотот.

И сето ова немаше да звучи несоодветно доколу го кажуваше премиер кој вистински и прво за самиот себе го применуваше тоа што го бара од другите. Испитување на потеклото на имотот на вработените треба да се случи во сите органи на државната управа, во судството и обвинителството, но пред се, премиерот е тој кој што треба да покаже личен пример., Марија Митева, ВМРО ДПМНЕ

Во меѓувреме, не постои институциата која е задолжена да го проверува имотот на вработените.Обрска на  ДКСК е проверка на имотот на избраните и именувани функционери. Сепак , доколку некој побара и постои ризик , може да се поведе постапкаи за одреден вработен.  

Во член 83 од Законот за спречување на корупција е наведено дека доколку постои ризик од корупција во  одбраната, внатрешните работи или финансиите може да се пропише обврска  за поднесување на изјава за имотната состојба  и интереси од страна на лица со посебни овалстувања. Во Царинската  управа со интерни акти е регуларино ова прашање. Секој вработен има обврска да поднесе анкетен лист при самото вработување и при промена на имотната состојба. Во секој момент Државната КОмсија за спречување на корупцијата може да велзе во овој систем и да ја провери состојбата за било кој,  велат од царинската Управа.  Сепак, тие не вршат проверка, туку само ги заведуваат анкетните листови.

Од Управат за јавни приходи пак, велат дека со претходниот закон , обврска за поднесување на анкетен листа имаа вработените во УЈП. Но со новиот , од 2019 та та- оваа надллежност е на антикупциска. Сепак, согласно интерните акти УЈП континунирано ге следи и контрилора однесувањето на вработените и почитувањеѕо на напрофесионалните стандарди  и согалсно законстата регулатива постап8ува по сите поднесоци, пријави, преставки проттив вработени во УЈП во насока на превенција и борба против енетуална корупција. , се вли во ставот на уЈП

Паралелно и од УЈП и од Царина информираат дека се водат  преговори со Синдикатот  околу можноста за исполнување на нивните барања.