Македонија
19. July 2015 - 17:09

Ќе никне туристичка населба околу езерото Калиманци

Македонска Каменица со нова стратегија за развој на туризмот на езерото Калиманци. Oпштината се подготвува да изработи детален урбанистички план со пари од Бирото за регионален развој, за локација каде што ќе се понудат парцели за изградба на викенд куќи.

После подготовката на целата документација и пренамената на земјиштето, кое сега е шуми и пасишта, во градежно земјиште, добивање на детале урбанистички план, ќе можеме да започнеме со лицитација на парцели за викендици. Мислам дека ќе интерес кај граѓаните од М. Каменица, но и од регионот- изјави Дарко Митевски, градоначалник на М. Каменица

Македонска Каменица веќе неколку години работи на развој на оваа нестопанска гранка. Манастирскиот комплеск Еленец кај селото Цера на Осоговските планини неколку години наназад е интересна дестинација за домашните туристи, а во текот на наредниот период ќе се реновираат и објектите со цел да има поголем број на места за сместување на посетителите.