Ќе имаме ли безбеден и успешен попис?
Се е подготвено за отпочнување на најсложената статистичка операција тврдат од Владата. По речиси две децении во Македонија ќе се реализира попис на населението. Владината прес служба информираше дека во сите комисии на 50 пописни реони завршиле обуките а до недела ќе се направи и планот на движење во пописниот круг.
Од националниот Блок „Не отворам врата“ се заканија со бојкот на пописот и побараа од пратениците да го одложат пописот. Ја обвинија власта дека со пописот ќе ги доведат во животозагрозувачка состојба граѓаните но и дека со постоечкиот закон ќе се изврши фалсификуван попис а тоа мора да се спречи.
Пописот почнува во недела на 5 септември во 8 часот и ќе трае 30 септември. Од Владата потенцираат дека се обезбедени сите услови за биде посетено секое домаќинство Пописот е задолжителен а секој што ќе организира непослушност и отпор ќе одговара кривично за што се предвидени и затворски казни.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар