Ќе има ли утре собраниски консензус за измените на Законот за граѓански организации?
ВМРО ДПМНЕ се сомнева дека претениците од власта ќе ја дадат поддршката на измените на Законот за здруженија.
Измените кои ги предлага опозицијата и со кои се предвидува забрана за формирање правни субјекти со контроверзни имиња се на дневен ред на утрешната пленарна седница, а со нив се предвидува да бидат опфатени и веќе регистрираните бугарски клубови.
Но, иако премиерот ги повика СДСМ да дадат поддршка и да учествуваат во носењето на измените на Законот, од ВМРО ДПМНЕ изразуваат скепса дека тоа ќе биде случај.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека опозицијата е подготвена да прифати одредени забелешки на власта, ако ги има, во однос на подобрување на ова законско решение.
Од СДСМ вечерва не добивме одговор, како ќе постапат на утрешната седница доколку оваа точка дојде на дневен ред.
Претходно премиерот Ковачевски упати јасен повик до пратениците од владејачката коалиција да дадат поддршка за измените кои ќе го спречат напливот на бугарски клубови со спорни имиња.
Тој исто така ја повика и еврејската заедница да даде придонес во креирањето на оваа правна регулатива.
Додека се чека правна акција од државата, во најава е нов, четврти бугарски клуб со седиште во Ресен.
На регистрација чека третиот, Цар Фердинанд во Богданци, а од владиното Ад Хок тело велат дека се уште не добиле повик да дадат свое мислење за овој бугарски културен центар.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
