Фудбал
24. February 2022 - 14:24

Ќе има ли спортски бојкот на Русија, прва се огласи Полска

Полска не сака да игра во Москва, против Русија, во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

„Поради моменталната ситуација нашите спортисти не би требало да одат во Русија“, рекол министерот за спорт во Владата на Полска, Камил Боротинчук.

Победникот од овој дуел, кој на програмата е на 24 март, во финалето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Шведска и Чешка.

По ова прашање засега нема реакцијата од ФИФА и УЕФА.