Ќе има ли скрининг во училиштата?
Дали ќе се чека да завршат изборите, па да почне скринингот за Ковид во училиштата? Ова прашање деновиве се почесто се поставува во јавноста. Иако министерот за здравство најави дека неделава ќе ги објават деталите, а тестирањето на децата ќе почне идната седмица, се уште нема конкретен термин ниту информација како ќе се спроведува.
-Во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта.
Дополнително ќе бидат презентирани сите детали околу начинот на спроведување на овој скрининг, одговорија од мз.
Засега се знае само дека околу 40 до 50.000 деца во основно и средно образование ќе бидат тестирани со брзи антигенски тестови за Ковид, но претходно треба родителите да дадат согласност.
Професорот Драган Даниловски вели дека колку побргу се направи скринингот толку побргу ќе се стекне увид во раширеноста на инфекциите во училиштата. Епидемиологот е категоричен дека тестирањето на случајно избрани ученици нема да спречи ширење на инфекцијата дури и ако да е секоја недела ниту пак тоа е против епидемиска мерка.
-Со еднократен скрининг само на случаен примерок 40.000 ученици, значи секое 6-то дете од вкупно 240.000 ученици или 5 деца во клас од 30 ученици. Ќе се добие само груб увид во моментралната состојба зошто еднократен скрининг не е против епидемиска мерка уште помалку епидемиска мерка е скрининг само на мал дел од сите ученици. За тестирањето да има епидемиолошка логика и да има ефект тоа треба да се направи периодично во тек на време и критериум за тестирање треба да биде вкупната популација ученици од 240.000 деца, или ако тоа е скапо барем оние кои имаат респираторни симптоми, изјави за Сител проф. д-р Драган Даниловски, професор по епидемиологија.
Месец дена од почетокот на учебната година од здравство и образование тврдат дека мала е раширеноста на вирусот во училиштата, конкретни бројки нема туку само процент дека позитивни се 0,03 отсто од децата.
Но, од друга страна во неделниот извештај на ИЈЗ се бележи зголемување на бројот на заразени од 10 до 19 години за 12 проценти во однос на претходната недела.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар