Ќе има ли проширување на листата за лекови кои се на товар на Фондот за здравство?
Проширување на листата лекови кои се на товар на Фондот, за да се заштити станадардот на граѓаните, пред се на пензионерите, бара Сојузот на пензионери.
Највозрасните, кои и најчесто се разболуваат, не можат да си дозволат поквалитетни лекови, затоа што немаат пари да ги платат. Такви се над 230 илјади пензионери, кои месечно живеат со 16.000 денари.. Од нив, речиси 90.000 земаат пензија до 11.000 денари. Затоа Сојузот на пензионери доставиле барање до Владата за ревидирање на листата уште пред две годни, но засега нема епилог.
-Сега нашиот корисник ќе оди кај матичниот, кој ќе му даде поквалитетен лек, но во аптека, тој лек треба да се доплати..Тука е тој проблем... Ќе се залагаме таа листа да се нивелира, да биде со поквалитени лекови, изјави Станка Трајкова, престедател на Сојуз на пензионери..
Листата не лекови кои ги покрива државата е стара 15 години. Последен пат е дополнета во 2015 та година. За разлика од кај нас, во соседните земји, се ревидира скоро секој месец. Ветена во програмата на СДСМ, уште во 2017-та година, како итен приоритет, најавена од тогашниот министер за здравство Филипче – се уште чека во Собраниските лавиринти. Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување, каде се предвидува прошируавање на листатата со нови генерации лекови е доставен до Собранието уште во 2019-та.
Сега, покрај пензионерите, голем дел од пациентите немаат можност да се лекуваат со современи лекови или пак се принудени сами да си ги купуваат. Инаку, правото на лекување на секој граѓанин е загарантирано со Устав.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар