Македонија
5. January 2021 - 17:23

Ќе има ли одговорност за роденденска забава на Ахмети, Османи вели мерките се почитувале

Министерот за надворешни, негираше дека во Министерството за политички систем се славел роденденот на Ахмети со прекршување на протоколите. Османи вели дека моментот без маски бил само за фотографирање поради изненадувањето кое било приредено за лидерот на партијата. Смета дека функционерите не треба да објавуваат фотографии без маски.

Од Министерството во кое вчера на отворањето на објектот присуствуваа функционерите на ДУИ, велат дека се почитувале епидемиолошките протоколи.

„Сликата објавена од Министерот за надворешни работи беше само еден момент за заедничко фотографирање при едно изненадување што наш колега го приреди за Ахмети, слично како и минатата година во Собрание“, велат од кабинетот на Артан Груби.

Министерот за финансии не образложи каква цел имала фотографијата без заштитни маски. За Бесими значајно е што објектот ќе го користат владини институции.

„Се враќа кредит, не се плаќаат повеќе камати, објект кој е при крај во реализација, може да се користи и се користи во каптиални инвестиции значи од страна на Владата значи за владини институции. Со оглед на другото, имаше изјава од првиот вицепремиер Груби и немам што повеќе да додадам или одземам од тоа што го има изјавено“, вели Фатмир Бесими, Министер за финансии.

Случајот со 15-мина функционери на ДУИ сликани без маски во затворена просторија ќе го истражува Инспекцискиот совет. Ќе проверува дали се почитувани протоколите за заштита од коронавирусот.

Фото албумот на кој се гледаа сликите од роденденската торта за Ахмети и присуство на функционерите на ДУИ, Османи и Груби го споделија со наслов „Во нашиот нов дом“. По реакциите на социјалните мрежи, фотографиите исчезнаа од фејсбук профилот на Османи.