Loading Video...
Македонија
6. January 2021 - 21:17

Ќе има ли напредок во процесот на ЕУ интеграциите оваа година?

6 дена по преземањето на претседателството со Европската унија, Португалија ги испрати и првите пораки. Проширувањето на европското семејство нема да биде приоритет во следните 6 месеци и токму затоа Бугарија не треба да се гледа како виновник за стопирањето на овој процес.

Ваквите пораки според доктор Малинка Ристевска од Институтот за европски политики не се изненадување бидејќи Македонија не треба да има големи очекувања од Лисабон. Сепак мали шанси за придвижување на овој процес има бидејќи Европската унија не ги формира ставовите само врз основа на една држава.

Бугарските избори закажани за 28 март може да бидат уште една пречка придвижување на Македонија кон Унијата. Ристевска вели дека пораките кои и до сега пристугнуваат од официјална Софија се доказ повеќе дека реториката за македонското прашање ќе се заострува во месеците кои следат.

Сепак најновите анкети во Бугарија покажуваат дека за коалицијата „Обединети патриоти“ предводена од актуелниот вицепремиер Красимир Каракачанов нема место во идниот состав на бугарското Народно собрание.

Анкетите покажуваат дека исходот од изборите ќе биде многу тесен и неизвесен до самиот крај кој ќе ја формира новата влада во Софија.

Во неа можно е да влезе и шоуменот Слави Трифонов кој исто така има прилично радикални ставови во поглед на македонското прашање.