Ќе ги затворат ли обложувалниците?
Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ им порача на пратениците да не го гласаат Законот за игри на среќа во пресрет на утрешната седница на Собранието на која на дневен ред повторно ќе се најде овој закон.
„Без разлика на вашата етничка, верска или партиска определба, пред да ја донесете конечната одлука дали ќе го браните Уставот или ќе бидете принудени да постапите како налага една владејачка партија, само поставете си ги следните прашања: Која ЕУ директива предвидува затворање на легалните игри на среќа? Која ЕУ директива предвидува оставање 10 илјади вработени на улица? Која ЕУ директива предизвикува игри на среќа на црно, без лиценци и контрола од Државата? Која ЕУ директива наложува 10 илјади семејства да се жртвуваат за интересите на една владејачка партија? Ние одговорите ги знаеме, ниту една! Не постои ЕУ директива која може да ги покрие овие противуставни и скандалозни измени на Законот за игри на среќа. Уште еднаш апелираме да не станувате соучесници во едно погубно сценарио кое многу негативно ќе се одрази врз македонската економија. Со негласање нема да одбраните само 10 илјади семејства туку ќе застанете на патот на едно партиско самоволие!“, велат од здружението „Сакам да работам“.
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
