-->
-->
Ќе ги почитува ли ФФМ правилниците на УЕФА за лиценцирање?!
-->
Дали ФФМ повторно на мала врата ќе додели лиценца, овојпат на ФК Шкупи екипа која според првостепената комисија не ги исполнува критериумите.
Како што е редот ФФМ во согласност со правилниците на УЕФА распишува конкурс за настап во европските купови , односно за лиценцирање на клубовите кои се пријавуваат да играат во Лигата на шампионите или лига европа.
Според пропишаниот правилник на УЕФА, кој ФФМ мора во целост да го спроведе треба да се исполнат административни, инфраструктурни и финансиски критериуми.
Од екипите кои се пријавија за европска лиценца за сезоната 2018/2019 година само ФК Шкупи не ги исполни критериумите за УЕФА лиценца што беше константирано и првопстепената комисија при ФФМ која лиценцира и за домашните и за меѓународните натпреварувања.
Според нашите сознанија ФК Шкупи не ги исполнува финансиските критериуми ниту по еден основ , во однос на пријавени лица, исплата на средства на законски начин и други показатели и затоа коректно е Второстепената комисија која ќе заседава утре да ја потврди одлуката на првостепената комисија односно да не одобри европска лиценца за екипата од Чаир.
ФФМ ќе мора конечно да расчисти со практиката доделување на лиценца на мала врата иако не се исполнети бројни критериуми со што во неповолна позиција се ставаат екипите кои трошат огромни средства за правовремено исполнување на пропишаните критериуми и се борат за максимално спроведување на истите.
Уште од 2013-тата година ФФМ најави дека ќе ги заостри критериумите за добивање натпреварувачка лиценца за клубовите, за да обезбеди транспарентност во работењето, стабилност и еднаквост за сите учесници во Првата и во Втората лига. - Правилата се пропишани од Европската фудбалска унија (УЕФА) и нивното почитување е задолжително за учество во домашните натпреварувања и во европските купови.
Лиценцирањето е со цел да се обезбеди транспарентност во работењето на клубовите, како и гаранција за сите што се заинтересирани да вложат во македонскиот фудбал во спротивно и оние малку спонзори и помагатели на спортот ќе се откажат од понатамошното вложување како резултат на неспроведувањето на правилникот за Лиценцирање кој го гарантира УЕФА.
.be
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп