Балкан
11. September 2015 - 22:42

Китаровиќ: Хрватска останува вистински и верен пријател на БиХ

Сараево, 11 септември 2015 (МИА) - Хрватската претседателка Колинда-Грабар Китаровиќ изјави дека Хрватска ќе продолжи да биде вистински и верен пријател на Босна и Херцеговина и дека ќе помогне, како и на други земји во регионот, на патот кон членство во Европската унија.

- Земјата заслужува една подобра иднина и тоа ќе го има. На тој пат Хрватска ќе биде лојален и вистински пријател, а јас лично, негов неуморен бранител, изјави Китаровиќ на церемонија во Националниот театар, каде и беше врачена наградата Иса-бег Исаковиќ за развојот на соработката и разбирањето меѓу двете земји.

Хрватската претседателка денеска го посети и градот Мостар, каде се сретна со локални раководители, граѓани и со ректорот на Универзитетот во Мостар.