Китански: Во поплавите во Пехчево оставени бевме сами на себе, без никаква помош од власта

Јас како градоначалник на Oпштина Пехчево присуствував на координативниот состанок во општина Кочани, по нивна иницијатива, мојата општина е засегната од неколкуте поплави кои се случија, претежно на локалитетот Рамна река во Пехчево, во изворишниот дел на река Брегалница, каде нивото на реката беше енормно зголемен, а настанаа големи материјални штети во станбената инфраструктура, викенд куќите, како и во делот на атмосферската канализација која е во тек на изградба, како и големи оштетувања на електричните столбови на ЕВН.
Ние како општина и комуналното претпријатие правовремено излеговме на терен со помош од многу луѓе од нашата општина кои доброволно решија да се справуваат со проблемите, а оценувам дека бевме оставени сами на себе без никаква помош од централната власт. Затоа апелирам до централните власти да имаме соработка без разлика на партиската определба, затоа што ние сме избрани да работиме во корист на луѓето.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

85-годишна жена изгоре во пожар во населба Пинтија
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, треба да се изведуваат материјални докази од Обвинителството
-

Ѓоковиќ: Се надевам дека нема повторно да сретнам друг француски играч пред крајот на Ролан Гарос
-

Во Берово изутринава 8 степени, во Скопје 17
-

Јаневска на увид во градежните активности за реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Отворање на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026
-

Калас: Европа не смее да влезе во замка со прашањето кој ќе преговара со Русија, важна е суштината на разговорите
-

Претставници на ФИФА повикани на суд во случајот со продажба на билети за СП 2026
