Кирстен Нилсен е новата секретарка за внатрешна безбедност на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа ја назначи експертката за безбедност Кирстен Нилсен, за министер за внатрешна безбедност, на местото на Џон Кели, кој сега е назначен за началник на канцеларијата на Белата куќа.
Министерството за внатрешна безбедност беше формирано по терористичките напади на 11 септември 2001 година и е надлежно за граничната безбедност, крајбрежната стража, реагирање при вонредни ситуации и царините.
Нилсен беше заменик на Кели во Министерството, но се премести заедно во него во Белата куќа во јули годинава, каде беше назначена на местото на Рајнс Прибус.
Во Министерството за внатрешна безбедност се вработени над 240.000 лица.
Нилсен е адвокатка, специјалист за кибербезбедност и работеше во Министерството кога Џорџ Буш беше претседател на САД.
Ново на Сител
-

Трамп: Апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е лошо за британското кралско семејство
-

Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени
-

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија
-

Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
-

Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружа интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
