Македонија
4. November 2015 - 14:05

Кирил Миновски нов директор на УЈП - Горан Трајковски оди на друга одговорна функција

Кирил Миновски ќе биде нов директор на Управата за јавни приходи откако Владата на вчерашната седница го именуваше на позицијата која досега ја извшуваше Горан Трајковски.

-Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот кој тој го имаше во реализацијата на владината програма, реформите кои ги спроведе и резултатите на институцијата која ја раководеше. Планирано е соработката со господин Трајковски да продолжи на друга одговорна функција,  вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Кирил Миновски е поранешен директор на Пазарниот инспекторат.