Ракомет
27. January 2016 - 18:52

Кирил Лазаров: Настапот на Македонија на ЕП е неуспешен

 
Капитенот Кирил Лазаров настапот на Македонија на Европското ракометно првенство во Полска, го оцени како неуспех.
 
По поразот од Белорусија (30:29) македонската репрезентација го заврши своето учество на шампионатот го заврши на 11.место, со само два нерешени исходи и дури четири порази, што само по себе за Лазаров  преставува неуспех.
 
– Потфрливме, мислам дека ако победевме на некоја од претходните средби, сликата ќе беше поинаква, само една победа над Белорусија ќе беше како маска, но што е тука е. На стартот од првенството немавме јасна цел, немавме одредено како во Данска дека сакаме да одиме во втората фаза или да освоиме одредено место. Тука игравме и мислевме на тие квалификации за Рио. Имаме историска шанса која сме ја заслужиле и треба да се погрижиме да ја искористиме, изјави Лазаров по натпреварот со Белорусија. 
https://

.be