-->
-->
Кире Лазаров нема да игра против Данска!
-->
Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот.
Откако го загуби дуелот со Чешка, а со него и шансите за полуфинале, Македонија нема многу резултатски мотиви за играње, па затоа Кире Лазаров нема да ризикува, информира порталот Спорт1.
Селекторот Раул Гонзалес ја искористи последната замена на Европското првенство да го извади Кире Лазаров од составот. Капитенот нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.
-Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, сам околку да ги изведува пеналите, потсетува порталот.
Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во наата репрезентација, Дејан Манасков.
Мечот Данска – Македонија се игра од 18.15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
72-годишна жена загина откако била прегазена на раскрсницата на„Партизанска“ и „Рузвелтова“
-
Албанија ќе обучува украински војници во командата на НАТО
-
Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија
-
До петок студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиство на снимањето на филмот „Рѓа“
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски