Loading Video...
Ракомет
19. August 2019 - 19:43

Кире Лазаров го означи стартот на „КЛ7“

По стапките на Горан Пандев уште еден успешен спортист  Кире Лазаров формираше свој клуб кој ќе се бори за свои позиции во македонскиот ракомет но  пред со идеја да  им даде можност на младите ракометари за докажување и напредување. 

Новиот клуб кој лично го престави нашиот  репрезентативен капитен Кире Лазаров ќе го носи имате КЛ 7  а ќе го предводи познатиот македонски тренер Андон Бошковски.  Од клубот велат дека токму КЛ7 е најдобриот ракометар кој се промовира од кампот и Академија кои годинава прославија 5 години активност. 

„Почнуваме нов проект, ракометен клуб во кој предност ќе дадеме на младите македонски играчи. Ќе поставиме принципи на функционирање, сериозен пристап во работата и она што е најнеопходно за напредок кај младите играчи квалитетен тренажен процес во текот на целата година. Ќе бидеме инкубатор за поголемите клубови, ќе соработуваме со сите македонски клубови за доброто на македонскиот спорт и ракомет.

Ќе поставиме високи цели за да можеме да ги препознаеме карактерните особини на нашите играчи за што подобро селектирање. Ќе учествуваме на интернационални турнири со реномирани противници. Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи“ изјави на денешното претставување Кире Лазаров. 

Ракометарите на новиот клуб КЛ7 веќе засилено тренираат и се подготвуваат за новата сезона. Првиот натпревар е планиран кон средината на септември а потоа ќе следуваат контролни средби со суперлигашите што само ќе ја зголеми популарноста на ракометот и академијата Кирил Лазаров кај најмладите под мотото Ракомет за секое дете со цел  секој со макотрпна работа да се избори за место во најдобриот тим.