-->
-->
Кире и Борко заедно и во Барселона
-->
Првиот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски и официјално е нов член на шпанската Барселона.
Ова и официјално на своите официјални веб страни го објавија сега веќе екс клубот на Ристовски.
Актуелниот лидер во германската Бундес лигата, Рајн Некер Ловен и новиот тим, актуелниот eвропски шампион Барселона.
Со тоа Ристовски ќе стане вториот Македонец кој ќе биде дел од ракометниот шпански гигант Барселона, каде заедно ќе настапува со капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров кој веќе трета сезона го носи дресот на Барселона.
За Ристовски ова ќе биде ново искуство во Шпанија, каде во 2006 и 2007 година настапуваше за Теукро и Алегесирас. Покрај за Рајн Некер Ловен и споменатите два клубови, Ристовски има настапувано и за нашите Металург и Вардар, како и Гумерсбах (Германија), Кретеј (Франција) и Ал Ахли (Катар).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница