Македонија
5. September 2019 - 12:35

Кирацовски: Геровски ми призна дека за мене направил фаул

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски денес беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, а врска со случајот „Рекет“.

Кирацовски, одговарајќи ја новинарско прашање, истакна дека не се препознава во псевдонимите „Кири и Фрики“.

-Ќе ми прости Геровски што ќе го споменам, имавме една средба со него. Лично сакав да проверам што тоа значи, дали ме препознава мене или некој друг. Геровски ми призна лично дека во однос на мене направил фаул, така се изрази.

Сакав да го споделам ова со јавноста, се надевам дека и тој ќе го сподели, рече пратеникот на СДСМ.