Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19
– Министерството за здравство на Кипар воведува највисоки цени за тестовите за Ковид-19, односно молекуларните (ПЦР) не смеат да бидат над 55 евра, а плафонот за брзите тестови е 25 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката стапува во сила од денеска, а во цената не е вклучен ДДВ.
Од Министерството потенцираат дека тестирањата со брзите тестовите ги вршат само здравствени работници, а процесот на земање примероци е опасен и „брзите тестови не се наменети за самотестирање“.
Додаваат дека позитивните резултати од брзите тестови се проверуваат со молекуларен метод пред да бидат вклучени во потврдени случаи на Ковид-19.
Плафон за цените на тестовите ќе воведе и Грција, како што беше соопштено минатата седмица, со цел да се спречи профитерство.
Во Грција цените се пониски отколку на Кипар, па молекуларниот ПЦР тест не смее да биде поскап од 40, а највисоката цена за брзиот тест е 10 евра.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка