Кипар и Малта ги укинаа „златните пасоши“ издадени на Руси
Во екот на руската инвазија врз Украина, земјите-членки на ЕУ, Кипар и Малта, укинаа неколку десетици таканаречени „златни пасоши“ што им ги издале на руски државјани, соопшти Европската унија.
Фразата се однесува на контроверзната практика на доделување државјанства на граѓани кои не се членки на ЕУ, најмногу во замена за инвестиции.
Кипар им одзеде кипарско државјанство на 43 лица, соопшти Европската комисија во одговорот на барањето на германскиот пратеник Мориц Кернер, пренесе ДПА.
Кипар веќе ги повлече „златните пасоши“ пред почетокот на војната.
Поединечни земји-членки на ЕУ можат да одлучуваат за доделување државјанство и дозволи за престој. Сепак, комисијата ова го гледа како закана за безбедноста на Шенген зоната, на пример во однос на безбедноста, перењето пари, избегнувањето данок и корупцијата.
Кипар и Бугарија веќе воопшто не издаваат никакви „златни пасоши“, а Малта веќе не ги доделува на Руси или Белоруси.
Ново на Сител
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
