Кинотека на Македонија ќе го додели признанието „Златен објектив“

Кинотека на Македонија денеска ќе го додели признанието „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Годинава, признанието ќе и биде доделено на Илинденка Петрушева, филмски критичар, публицист, советник-филмолог, промислувач и истражувач на историјата на македонската кинематографија.
Покрај доделувањето на наградата, планирано е да се одржи и проекција на документарниот филм „Бабички на револуцијата“.
Илинденка Петрушева, родена во 1944 година, во својот работен век беше и генерален секретар на Сојузот на филмски критичари на Југославија, долгогодишен претседател на Киносојузот на Македонија, еден од основачите на Кинотека на Македонија и на фестивалот „Браќа Манаки“, член на бројни жирија на домашни и странски филмски фестивали, селектор и уредник на многу филмски програми.
Петрушева беше и уредник на списанијата „Кинотечен месечник“ и „Кинопис - списание за историјата, теоријата, и културата на филмот и другите уметности“, а автор е и на голем број есеи, прилози и рецензии за филм и автор на книгите „Сонце на дирек: мали приказни за македонските филмски сонувачи“ (2005), „Време на игри и соништа – студија за аматерскиот филм во Македонија 1935-2011“ (2011) и „Само сонот е стварност – од бележникот на еден филмолог“ (2014).
Досегашни добитници на наградата „Златен објектив“ се доајените на македонската кинематографија – Благоја Дрнков, Трајче Попов, Бранко Гапо, Кирил Ценевски, Глигор Паковски, Дарко Марковиќ, Драган Салковски, Љубе Петковски и Коста Крпач.
Ново на Сител
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
