Македонија
12. April 2023 - 16:41

Кинолозите бараат построга регулација за домашните миленици

Кинолозите апелираат веднаш да се донесе Закон за чување и одгледување кучиња во домашни услови по примерот на другите европски земји за да не се случуваат вакви трагични случаи.Скопје е еден од ретките европски градови кои немааат вакви регулативи,велат тие.

Во Европа постојат ригорозни закони за со кои се ограничуваат условите под кои се чуваат определени раси кучиња, особено оние кои спагаат во видот на поагресивни, објаснува Стефан Кирков кој има долгогодишно искуство во оваа сфера.

Кога се работи за тоа кои раси се агресивни или не, Кирков вели дека има многу предрасуди и контрадикторни мислења, но на крај главен фактор е сепак начинот на кој се одгледува таквото куче.

Во повеќе држави во САД постојат таканаречени црни листи на агресивни раси на кучиња која циркулира кај сигурителните компании, меѓу кои се питбулите, мастифите, хаските за кои тие одбиваат да ги осигураат сопствениците во случај нивното куче да нападне некого.