Кинезите можеби ќе имаат вакцина до крајот на годинaта

Кинеските лаборатории развиваат лек за кој се верува дека ќе може да ја запре пандемијата од корона вирусот и ќе биде подготвен за масовно производство кон крајот на оваа година.
Лекот кој се развива се темели врз антитела, а истражувањата се спроведуваат на престижниот пекиншки универзитет. Со него се очекува да се намали времето за опоравување на заболените од корона вирусот, но создава и краткотраен имунитет тврдат истражувачите.
Суни Кси, директор на универзитетскиот иновациски центар за геномика, истакнува дека лекот се покажал како успешен кај животните.
Кси вели и дека количината на вирус кај заразените глувци значително се намалила откако им вбризгале неутрализирачки антитела.
– Тоа покажува дека потенцијалниот лек има и тераписки учинок, вели Кси.
Лекот користи неутрализирачки антитела кој се произведени од страна на човечки имунитет со што би се спречил продор на вирусот во станиците. Антителата биле изолирани од крв кај 60 опоравени пациенти.
Кси истакнува дека неговиот тим „деноноќно“ барал антитела.
Додава и дека лекот би требало да биде готов кон крајот на годинава за употреба, точно во време кога се очекува втор бран за време на зимата.
– Следат клинички тестирања, вели Кси, и додава дека според планот тие ќе бидат вршени во Австралија но и други држави бидејќи бројот на случаи од заразата во Кина рапидно опаднал.
– Се надеваме дека неутрализирачките антитела ќе бидат специјализиран лек кој ќе ја сопре пандемијата, додава тој.
Кинеските научници претходната недела соопштија дека земјата веќе тестира пет потенцијални вакцини врз луѓе.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
