Живот
15. January 2019 - 20:56

Кинезите ја завршија изградбата на уште едно архитектонско чудо: Има 8 солитери, а на висина од 250 метри се наоѓа нешто многу импресивно

Кина во Чонгкинг ја заврши изградбата на уште едно архитектонско чудо.

Се работи за таканаречен хоризонтален солитер кој се одликува со највисок, натежок, најголем и најстрмен систем на стаклена фасада на светот.

Работен е според проектот на славниот израелски архитект Моше Сафдиј, и ова здание е високо 250 метри, а хоризонталниот мост кој поврзува 6 кули е долг 300 метри.

Комплексот опфаќа простор од 1,12 милиони квадратни метри, а меѓудругото, се состои од 8 солитери, трговски центар, деловен простор, 1400 станови и луксузен хотел.

Во фокусот на ова архитектонско чудо се наоѓа Конзерваториум кој содржи куп „небески градини“ и видиковци од каде се гледа неверојатен поглед, базен и ресторани.

Фасадните ѕидови се посебно опремени за да бидат отпорни на силниот ветер и евентуалните потреси.

Челичната структура тежи околу 12.000 тони, а прекриена е со стаклен прстен и панели од алуминиум.

Иако снимките од новонастанатата градба за многумина се импресивни, одредени коментираа дека идејата за вака високи солитери во Кина е бесмислена имајќи го во предвид страотното количество на смог и загадувањето.