-->
-->
Кинези вложуваат тешки милиони во Сити
-->

Манчестер Сити соопшти дека кинески конзорциум ќе инвестира во City Football Group 400 милиони долари, за купување на 13 отсто од акциите. На клупската интернет страница се наведува дека City Football Group воспоставил партнерство со конзорциумот кој е предводен од CMC (China Media Capital).
Кинескиот конзорциум во City Football Group ќе инвестира 400 милиони долари за купување на 13 отсто од акциите, со што вредноста на групата ќе изнесува три милијарди долари.
Договорот двете страни го постигнале по шестмесечни преговори.
Кинеската инвестиција доаѓа по посетата на претседателот на Кина, Си Џинпинг, на Манчестер Сити во октомври, кога беше во официјална посета на Велика Британија.
Манчестер Сити во 2008 година го купи шеикот Мансур бин Зајед ал-Нахијан, а потоа клубот се прошири и ја формира City Football Group, во која се вклучени фудбалските тимови во Њујорк, Мелбурн и Јокохама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
