Кинез осуден на смрт поради оддавање државни тајни

Кинескиот суд го осуди на смрт Хуан Јуј поради одавање на повеќе од 150.000 тајни документи на друга држава, јави денеска кинеската државна телевизија.
Хуан Ји комјутерски техничар од Сечуан, работел за владин сектор, од каде добил отказ. Тој поради отказот преку Интернерт се поврзал со „странска шпионска организација“ и и предложил да и продаде документи од поранешниот работодавач.
На средби во Југоисточна Азија и во Хонг Конг Хуан предал вкупно над 150.000 доверливи документи на владејачката Комунистичка партија, како и воени и финансиски документи.
Хуан набавувал документи и преку неговата сопруга и друг близок роднина, кои исто така работеле во владини служби.
Тој е уапсен во 2011 година откако станал сомнителен поради честите патувања. Телевизијата не соопштува дали Хуан е егзекутиран.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
