Кинез направил пластична операција за да личи на Ким Џонг-ун

На 30-годишниот Кинез, Ванг Ли толку многу му се допаѓал изгледот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, па се подложил на пластична операција за да личи на него.
Тој и без операција потсетувал на севернокорејскиот лидер, меѓутоа сепак сакал да го „подобри својот изглед“ и сличноста со Ким.
Ванг стана познат откако се појавија негови фотографии со глумицата Лиу Зиван, која ја запознал додека бил во посета на еден пластичен хирург.

Заeденичко за Ванг и Лиу е што ја споделуваат љубовта кон пластичните операци и додека седеле во чекалната почнале разговор за зафатите поради кои дошле и така се родила симпатија меѓу нив.
Двојката решила да повика фотографи на нивниот прв состанок, за да го „одбележат тој свечен момент“.

Инаку, Лиу Зиван го привлече внимание на медиумите во Азија кога објави дека планира да вгради силикони во градите, поради најбогатиот човек во Кина, Ванг Сиконг, кој изјавил дека сака жени со големи гради.
А, мислевме дека само од Западот доаѓаат чудни приказни.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
