Кинескиот претседател Си Џинпинг допатува во Сиетл

Кинескиот претседател Си Џинпинг синоќа допатува во американскиот град Сиетл во сојузната држава Вашингтон, со што ја започна својата прва државна посета на САД.
На крајниот запад од САД, кинескиот претседател во следните три денови ќе се сретне со повеќе бизнис и технолошки лидери и раководители на компании, по што од Сиетл ќе отпатува за американскиот главен град Вашингтон, на разговори со американскиот претседател Барак Обама.
Во текот на престојот во Сиетл, Си ќе го посети и седиштето на компанијата за производство на авиони „Боинг“.
Една од главните теми на американско-кинеските раговори ќе биде кибер безбедноста, особено откако официјален Вашингтон порача дека кинеското шпионирање претставува пречка за унапредување на билатералните односи.
Во понеделникот Пекинг демантираше дека постои каква било поддршка од кинеската Влада за хакирањето на американските комапнии.
Во авторски текст во „Волстрит Џурнал„ кинескиот претседател напиша дека прислушувањето и хакирањето се нелегални работи. Според Си, Кина не се ангажира во вакви активности за кражба на комерцијални тајни и никого не охрабрува да го прави тоа.
Официјален Пекинг кој претходно се жалеше дека е жртва на хакирањето, сега се нуди за соработка со САД околу ова прашање.
Значајна тема во разговорите меѓу Обама и Си се очекува да бидат и безбедноста и територијалните недоразбирања во Југоисточна Азија, а посебно во Јужното Кинеско Море, каде Кина има спорови со своите соседи.
На 25 септември е предвидена свечена вечера во Белата куќа, по што кинескиот претседател заминува за Њујорк, каде на 28 септември ќе зборува пред Генералното собрание на ОН.
Ново на Сител
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
