Кинеска воена делегација во посета на Македонија
Во Министерството за одбрана денеска заменик-министерот Беким Максути имаше средба со воена делегација од вооружените сили на НР Кина, која престојува во неколкудневна посета на Македонија.
Како што соопшти МО, заменик министерот Максути изразил задоволство од високото ниво на односите помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина и посочил дека билатералната соработка се развива во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување.
- Пример за одличните односи се досегашните донации од НР Кина за Република Македонија, упатувањето припадници на АРМ на школување и доедукација во образовните центри во НР Кина, и тоа на Одбранбени и стратегиски студии, курсеви за инструктори, како и курсеви за боречки вештини, рекол Максути, соопшти МО.
Вицеадмиралот Ли Ји, кој ја предводи кинеската делегација, се заблагодарил за средбата и истакнал дека двете земји имаат одлична одбранбена соработка, за која изразил подготвеност, да продолжи и да се интензивира и во иднина. Посочил дека размената на искуства помеѓу двете Армии и Министерства е во интерес и на Република Македонија и на НР Кина.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра