Кинеска сонда ги испрати првите слики од Марс
Кинеската сонда Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тјанвен-1 беше лансирана во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.
Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата. јанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс. Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото кое некогаш било погодено од голем објект.
Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенската програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.
Ново на Сител
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан