„Киненова“ неофицијално почнува со „Исцелител“ и норвешкиот „Изборот на кралот“
Третиот Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој ќе се одржува од 5 до 10 октомври, денеска неофицијално ќе почне со проекција на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески од 18 часот во кино „Фросина“. Од 20 часот во „Фросина“ ќе биде прикажан и „Изборот на кралот“ - филм од Норвешка, која годинава е земја во фокусот на фестивалот.
Филмот е снимен во 2016-та во режија на Ерик Попе, меѓу најпознатите во Норвешка. Базиран е на вистинска приказна за трите драматични денови во април 1940-та, кога на кралот на Норвешка му е даден незамислив ултиматум од германските воени сили: Да се предаде или да умре! Кралот Хакон ја донесува својата одлука - одбива да капитулира, иако тоа може да го чини неговиот живот и животите на многу Норвежани. Норвешката кинематографија на фестивалот ќе биде претставена со уште четири филма.
„Киненова“ официјално ќе почне в петок со премиера на македонскиот „Ругање со Христос“ - дебитантски игран филм на режисерот Јани Бојаџи. Филмот е меѓу осумте во натпреварувачката селекција на фестивалот, кој под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ ќе се одржува од 3 до 12 октомври. Покрај овој филм, во официјалната селекција се уште пет филма од Европа, еден од Иран и еден од Перу.
Организаторите на „Киненова“ соопштија дека концептот на фестивалот е да им се даде простор на храбри автори-дебитанти кои се зафатиле со теми кои во некои земји се игнорирани и ставени на страна, а нивните автори третирани како неподобни.
Ново на Сител
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба
-
Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје
-
Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО
-
Мицкоски: Унгарскиот кредит за компаниите ќе придонесе за задвижување на економијата