Свет
1. March 2022 - 10:29

Кина: Залуден ќе биде каков било обид на САД за поддршка на Тајван

 Каков било обид за поддршка на Тајван, ќе биде залуден, изјави денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Британските медиуми пренесуваат дека Ванг ја коментираше планирата посета на островот на група поранешни високи американски функционери за одбрана и безбедност.

Говорејќи на редовен, дневен брифинг за медиумите, Ванг ги повика САД внимателно да се справат со проблемот со Тајван. Тој упати повик и да се воздржат од дополнително оштетување на односите меѓу САД и Кина.