Кина воведува реципрочни санкции против поединци и организации од САД
Кина соопшти дека воведува санкции против неколку американски поединци и организации како реципрочен одговор на неодамнешните американски санкции против кинеските власти во специјалниот административен регион Хонг Конг.
Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Пекинг одлучи да преземе реципрочни контрамерки, оценувајќи го последниот потег на Вашингтон како „погрешна пракса“. Тој прецизираше дека санкциите ќе важат за седум лица од САД и организации во согласност со Законот за санкции кон странците, во кои е вклучен и поранешниот американски секретар за трговија Вилбур Рос, пренесува Меѓународното кинеско радио. -Секој обид на странските сили да се мешаат во работите на Хонг Конг ќе биде залуден, додаде кинескиот официјален претставник.
Соопштението доаѓа пред денешната посета на американскиот заменик државен секретар Венди Шерман на северниот кинески пристанишен град Тјанџин. Таа е највисокиот американски функционер кој ја посетува Кина откако администрацијата на претседателот Џо Бајден дојде на власт во САД. Односот меѓу двете светски економски сили се влоши за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Во последниве години, двете земји затворија конзулати и протераа новинари и воведуваа санкции против поединци и компании од другата земја.
Ново на Сител
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче