Кина воведе ограничување на информациите за „Панамските документи“

Кина воведе ограничување на објавувањето информации за скандалот поврзан со податоците за даночни затајување на панамската првна фирма „Мосак Фонсека“, позната како афера „Панамски документи“.
Како што јавија западните медиуми, пребарувањето на интернет на информации за тамата, како и на објави на социјалните мрежи во Кина е блокирано.
Вестите и информациите кои ги содржат зборовите „панамски документи“, излегуваат во пребарувачите, но не можат да се отворат за да се прочита нивната целосна содржина.
Се отвораат само неколку статии посветени на скандалот, во кои не се споменуваат лица поврзани со Кина.
Кинески таблоид „Глобал тајмс“ објави уреднички коментар во кој тврди дека зад објавувањето на документите стои “неидентификувана моќна сила“. Во написот се вели дека главни цели на скандалот се противниците од Западот, особено рускиот претседател Владимир Путин.
Во уредничкиот напис не се споменуваат имињата на Кинезите поврзани со аферата „Панамски документи“.
Вчера голем број медиуми во светот соопштија дека роднини на актуелни и поранешни кинески политичари и раководни кадри се вклучени во офшор бизнисот и имаат скриено богатство.
Само по себе чувањето пари во офшор компаниите не е противзаконско, но група истражувачки новинари усепеале да дојдат до документите на панамската фирма, кои претставуваат докази за прикривање богатство со цел избегнување на плаќање данок, за перење пари добиени преку трговија со дрога и за други финансиски кримнали.
Ново на Сител
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
