Кина вели дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се одбрани од новото зголемување на американските тарифи

Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите легитимни интереси, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џианг, додека Вашингтон се подготвува да воведе дополнителни 10 отсто царини за кинески стоки почнувајќи од денеска, јавија кинеските медиуми.
Кина цврсто се спротивставува на заканата од САД да воведат дополнителни царини за кинеските производи под изговор за проблемот со фентанил, рече Лин.
Овој потег на САД следи по сличното зголемување на царините од 10 отсто за кинеските производи во февруари.
Како одговор, Кина воведе дополнителни царини за низа американски стоки, вклучувајќи јаглен, течен природен гас, сурова нафта, земјоделска опрема и автомобили.
Зголемувањето на американските тарифи за увезена стока од Кина на вкупно 20 проценти следи по обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против Пекинг за трговија со фентанил, синтетички опоид чија употреба предизвика јавна здравствена криза во САД.
Ново на Сител
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
-

Средното стручно образование сè попривлечно, континуиран раст на буџетот за наука
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
