Кина: САД внимателно да дејствуваат во однос на Јужното Кинеско Море
Кина денеска ги повика САД внимателно да говорат и да дејствуваат кога станува збор за за Јужното Кинеско Море, нагласувајќи дека таа има неспорен суверенитет врз островите Спретли.
Ова го изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг на прес-конференција во Пекинг, откако администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека САД ќе ја спречат Кина да преземе територија во меѓународните води во Јужното Кинеско Море.
- Сметам дека САД таму ќе обезбедат заштита на нашите национални интереси. Доколку тие острови се навистина во меѓународните води и не се дел од Кина, тогаш одговорот е потврден. Ние сигурно ќе ги браниме меѓународните територии доколку сака да ги преземе некоја земја, изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
Ново на Сител
-
Изминатите 24 часа - 11 пожари на отворено, ЦУК со апел да се внимава со палење оган во природа
-
Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование
-
Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон
-
Во Скопје вчера казнети 127 возачи, 13 немале возачка дозвола
-
Загина човек од удар од воз
-
САД информираат за втор воен заем за Полска во вредност од две милијарди долари
-
Бела куќа: Се уште има разлики во позициите на Израел и Хамас за договорот за прекин на огнот
-
Во Украина прогласен ден на жалост