Кина: Противракетниот штит на САД во Кореја ќе ги зголеми тензиите
Распоредувањето на новиот американски противракетен систем во Јужна Кореја ќе ги влоши тензиите на Корејскиот Полуостров и сериозно ќе ја загрози довербата меѓу Кина и САД, предупреди денеска висок кинески воен претставник.
Фан Чанглонг, потпретседател на Централната воена комисија, ја даде оваа изјава на состанокот со американската советничка за национална безбедност Сузан Рајс.
Тој и кажал на Рајс дека неуспехот во адекватното решавање на чувствителни прашања меѓу САД и Кина би можел „многу веројатно да ги поткопа“ воените односи меѓу двете земји.
Рајс е највисок американски претставник кој престојува во посета на Пекинг откако Постојаниот арбитражен суд во Хаг претходно овој месец ги оцени како незаконсли кинески територијални претензи врз Јужното кинеско Море, што го разлути Пекинг и ги зголеми тензиите со Вашингтон.
И покрај тензиите, двете држави настојуваат да ја подобрат комуникацијата меѓу своите војски со надеж дека ќе ги намалат недоразбирањата, кои би можеле да доведат до судири.
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс